6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАЗДРАВЈЕ

Топлото време, сепак, нема да го спречи ширењето на коронавирусот

Топлото време е малку веројатно да го спречи ширењето на коронавирусот во поголема мерка, покажуваат резултатите од студијата на канадските истражувачи за ширењето на ковид 19 во светот.

Тие го испитале ширењето на вирусот кон крајот на март на места со различна влажност, различни рестриктивни мерки, како и различни географски широчини.

Професорот од универзитетот во Торонто, Питер Јун изјави дека неговиот тим утврдил дека има малку или воопшто нема врска помеѓу ширењето на инфекцијата и температурата или географската ширина, како и само слабата поврзаност со влажноста на воздухот, пишува „Индипендент“.

Претседателот на Црвениот крст намерно се зарази со круната – тој сакаше да докаже бесмислени мерки, сега под истрага

„Ние спроведовме прелиминарна студија што укажува на тоа дека географската ширина и температурата може да играат улога. Но, кога ја повторивме студијата во многу поригорозни услови, добивме спротивен резултат“, рече тој.

Наспроти тоа, затворањето на училиштата и другите мерки на јавно здравје ефикасно го спречуваат ширењето на коронавирусот, додаде тој.

„Сезоните веројатно ќе играат само мала улога во епидемиологијата на Ковид 19“, заклучи студијата, која опфати 144 региони ширум светот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Во ОВАА позиција најлесно ќе СПИЕТЕ во текот на летото, жештините не ви можат НИШТО

M T

Возбудливо лето: Овие хороскопски знаци ги очекува незаборавен август

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T