14.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

Светската здравствена организација минатиот месец препорача научниците да продолжат да ги истражуваат сите можни извори на пандемијата Ковид-19, вклучително и лабораториските протекувања.

Две новообјавени студии имаат сосема различни пристапи, но доаѓаат до истиот заклучок – епицентарот на коронавирусот најверојатно бил пазарот на морска храна Хуанан во Вухан, Кина.

Во истражувањето насловено „Пазарот на големо на морска храна Хуанан“ во Вухан беше раниот епицентар на пандемијата COVID-19, експерти од целиот свет анализираа картографски податоци и извештаи од социјалните медиуми за да направат просторна и еколошка анализа. Тие истакнаа дека иако „точните околности остануваат нејасни“, вирусот бил пронајден кај живи животни продадени на пазарот кон крајот на 2019 година.

Животните биле чувани едно до друго и болеста лесно можела да се прошири. Студијата, сепак, не утврди за кои животни станува збор.

Научниците открија дека најраните случаи на Ковид-19 биле концентрирани на пазарот меѓу продавачите или купувачите. Тие веруваат дека два одделни вируси циркулирале кај животните и подоцна преминале кај луѓето.

„Сите осум случаи на ковид регистрирани пред 20 декември дојдоа од западната страна на пазарот, каде што се продаваа и некои видови цицачи“, се наведува во студијата.

Експертите ги мапираа најраните случаи кои немаа врска со пазарот и утврдија дека заразениот живеел или работел во негова непосредна близина.

„Ова покажува дека вирусот почнал да се шири меѓу луѓето кои работеле на пазарот и подоцна се прелеал во околната локална заедница. Продавачите оделе во блиските продавници и ја пренеле инфекцијата на други луѓе“, рече еволутивниот биолог Мајкл Вороби од Универзитетот во Аризона.

Во друга студија, Молекуларната епидемиологија на повеќекратно зоонотично потекло на САРС-КоВ-2, беше користен молекуларен пристап, а резултатите покажаа кога првите инфекции со коронавирус преминаа од животните на луѓето. Најраната верзија на коронавирусот беше во две лоза, А и Б. Лозата настана по најмалку два преноси од животински видови на луѓе.

Научниците веруваат дека првиот пренос од животно на човек веројатно се случил околу 18 ноември 2019 година и дека вклучува лоза Б, која била пронајдена само кај луѓето директно поврзана со пазарот Хуанан.

Тие веруваат дека лозата А се појавила неколку дена или недели по инфекцијата од лозата Б. Лозата А била пронајдена во примероци од луѓе кои живееле или престојувале во близина на пазарот.

„Овие податоци покажуваат дека е малку веројатно дека САРС-КоВ-2 широко циркулирал кај луѓето пред ноември 2019 година и дефинираат одреден опсег кога Ковид првпат преминал кај луѓето и кога биле пријавени првите случаи на инфекција“, се наведува во студијата.

Веројатноста дека таков вирус ќе се појави од два различни настани е многу мала, призна еволутивниот биолог Џоел Вертхајм од Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего.

Еволутивниот биолог Кристијан Андерсенс од Истражувачкиот институт Скрипс вчера изјави дека овие студии дефинитивно не ја побиваат теоријата за истекување во лабораторија, но дека се толку убедливи што тој самиот го променил мислењето за потеклото на вирусот.

„Јас самиот бев прилично убеден дека е истекување од лабораторијата, додека не направивме дополнителна анализа. Врз основа на податоците и студиите за многу други вируси на кои работев во последната деценија, дојдов до заклучок дека резултатите покажаа дека изворот е пазарот “, рече Андерсенс.

Со цел да се намали ризикот од идни пандемии, научниците се надеваат дека наскоро ќе можат да утврдат кое животно прво се заразило со Ковид. Андерсен смета дека, иако е тешко да се спречи појавата на нови пандемии, глобалната соработка на научниците е од суштинско значење за да може навреме да се утврди дали се работи за поблаг облик на инфекција или болест која може да убие милиони.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Истражувањата покажуваат: Луѓето фантазираат за богатство, но не се алчни

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T