9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Москва: Гори болница во која има пациенти кои се лекуваат од коронавирус, можно е да има и загинати

Пожар избувна во зградата на градската клиничка болница на северот на Москва.

Сè уште се утврдува колкава површина е зафатена од него, а според информациите има мртви, рече претставникот на службите за итни случаи во главниот град на Русија.

„Пристигнаа информации за пожарот на приземјето на шест ката во зградата на Градската клиничка болница бр. 50 “, рече соговорникот на агенцијата.

Агенцијата Тас наведува дека пожарот избувнал во болницата каде што се лекуваат пациенти со коронавирус, пренесува АТВ.

Според податоците, станува збор за сериозен пожар, а причината засега не е позната.

Спонзорирано: