Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Бититќи: Гласовите на албанскиот електорат не може да отидат кај Силјановска

„Со реториката каква што ја има опозицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ, не верувам дека гласовите на албанскиот електорат ќе се прелеат кај било кого друг, освен кај Стево Пендаровски. Гордана Силјановска го нема тој политички капацитет да мобилизира дополнителен корпус на гласачи, што би и донело плус гласови во вториот круг од претседателските избори“, рече Фамир Битиќи, потпретседател на СДСМ и коносител на листа на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во неговото гостување на ТВ 24.

Зборувајќи за денешниот изборен дена од првиот круг на претседателските избори, Битиќи посочи дека реториката на Силјановска е полна со ксенофобија, не е добро за напредокот на државата и за младите таа реторика да биде прифатена.

„Ако не застанеме цврсто на европскиот пат, кој е поврзан со уставните измени, тогаш младите ќе ја бараат иднината во самата ЕУ“, порача Битиќи во неговото гостување на ТВ 24.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЕЦ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ – Сашко Кедев највозрасен човек што ги освоил сите 14 осумилјадарки

ДЕСК

ИВА МИХАИЛОВА СО НОВА ИЗЈАВА ПО СНИМКИТЕ ОД БУГАРИЈА – Тврди дека никој не ја принудувал на ништо

ДЕСК

УШТЕ 11 ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Возеле без положен испит, под дејство на алкохол и со активна забрана

ДЕСК