22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Home » Ethics Policy / Политика за Етичко известување

Ethics Policy / Политика за Етичко известување

CENTAR MKD

Главната цел на оваа политика е да се зачува неутралноста. Новинската агенција Centar.mk се залага за интегритетот што го обезбедува во сите аспекти на нејзината содржина.

Очекуваме сите ангажирани новинари, дописници, колумнисти и партнери на Centar.mk да ги почитуваат овие правила. Сите наши соработници се подложени на придржување кон сите аспекти на оваа политика. Од сите нови партнери се бара да ја прочитаат оваа политика пред да ги заземат своите позиции. Прашањата опфатени во овој текст се важни, така што секое прекршување на правилата во областите опфатени подолу се смета за доволно сериозно за да се активираат дисциплински казни, вклучително и разрешување од позицијата во зависност од сериозноста на повредата.

Секој член на тимот кој ќе забележи дека друг крши кој било дел од оваа политика или бил сведок на друг вработен што го сторил тоа, треба веднаш да се јави кај Главниот и одговорен уредник. Сите прашања од овој аспект ќе бидат дискретни за да се заштитат личните права на членовите на тимот.

Авторите на текстови кои покриваат вести не не смее при пишување на текстовите да се водат од личен интерес, туку исклучиво да се базираат на Јавниот интерес при известување, почитувајќи ги основните принципи за новинарско известување, притоа почитувајќи ги Законите и Уставор на Република Северна Македонија, како и Стандардите на заедницата на социјалните мрежи.

Само ангажираните во одделите за продажба и маркетинг или партнерската маркетинг агенција Идеа С имаат право да вршат зделки со трети страни во име на Centar.mk.

Не е дозволено никој друг освен вработените во одделот за продажба и маркетинг да склучува зделки со користење на името на компанијата за возврат за промоции / врски и сл.

Добрата проценка, приватноста и професионалноста се главните идеали со кои треба да се придржуваат авторите на текстови, кога објавуваат статии на веб-страницата и на другите канали за социјални медиуми.

Секој објавен текст треба да се размислува до последен детал, бидејќи секој пост излегува на целокупната публика која брои најмалку 100.000 следбеници на социјалната мрежа Facebook, агрегаторите, но и веб платформата на Centar.mk.

Перцепцијата е многу важен дел од овој процес и очекуваме секој што е дел од Centar.mk на некој начин, да постапува соодветно со здравиот разум во секое време. Од нив се очекува да ги задржат своите содржини и објавувања во согласност со политиката на компанијата и да бидат почитувани, непристрасни и автентични.

Избегнување на несоодветна, насилна и пристрасна содржина е задолжителен детаљ од работата на Centar.mk.

Centar.mk се саморегулира и се обврзува дека:

  • Нема да објавува графички материјали кои соддржат насилство
  • Нема да објавува националност, раса или вера при инциденти или немили настани
  • Ќе помага при смирување на страстите при меѓуетничка нетрпеливост
  • Ќе ги почитува личните податоци и приватниот живот на граѓаните