13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Официјална твитер страница на Џо Бајден
СВЕТ

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека „се чувствува одлично“ бидејќи закрепнува од коронавирусот и очекува да ја прекине изолацијата и да се врати во нормални работни услови до крајот на неделата.

„ Се чувствувам одлично. Спиев полни две ноќи“ – изјави Бајден.

Бајден вчера одржа виртуелен состанок со земјоделските производители и неколку највисоки претставници на администрацијата за промовирање на законодавството насочено кон зајакнување на производството на чипови во САД.

Гласот му беше рапав, но изгледаше дека е во добра здравствена состојба, наведува британската агенција.

Координаторот за коронавирус во Белата куќа, Ашиш Џа рече дека Бајден е добро и дека неговата состојба се подобрува. Тој рече дека Бајден би можел веќе утре да ја заврши изолацијата со негативен тест за корона.

„ Симптомите на американскиот претседател Џозеф Бајден на Ковид 19 сега речиси целосно исчезнаа“, изјави неговиот лекар Кевин О’Конор.

Тој додаде дека кај Бајден се забележува само послаба назална опструкција и минимална засипнатост. Лекарот повтори дека белите дробови на Бајден се чисти и дека тој добро реагира на третманот.

Американскиот претседател беше позитивен на коронавирусот во четвртокот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Милановиќ: Кога Бајден ќе лета со комерцијален авион, тогаш и јас ќе летам

M T

Бајден: Војната во Украина ќе се одолговлекува

M T

Бајден: Никогаш нема да го заборавиме 11 септември

M T

Бајден: САД никогаш нема да дозволат Иран да добие нуклеарно оружје

M T

САД: Анкетите покажуваат подобрување на рејтингот на Бајден

M T