20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Се појави нов проблем: Умираат деца, воспалителен синдром поврзан со коронавирусот

Три деца во Њујорк починале од редок воспалителен синдром за кој се верува дека е поврзано со новиот коронавирус.

Ова го изјави денеска гувернерот Ендру Куомо, што може да укаже на зголемен ризик од пандемија за деца.

Гувернерот на денешниот брифинг денес изјави дека оваа болест сега однела животи на најмалку тројца млади низ државата. Тој не дал детали за нивната возраст или околностите на нивната смрт.

Синдромот всушност покажува симптоми со токсичен шок и болест Кавасаки, која е поврзана со треска, осип на кожата, отечени жлезди и во тешки случаи, воспаление на артериите на срцето. Научниците сè уште се обидуваат да утврдат дали синдромот е поврзан со новиот вирус корона, затоа што не сите деца кои го развиле биле позитивни на вирусот.

Куомо, меѓутоа, вели дека се повеќе е загрижен дека синдромот претставува нов ризик за децата, за кои претходно се сметаше дека се во голема мерка имуни на Ковид-19, респираторна болест предизвикана од вирусот на корона.

Њујорк е епицентарот на пандемијата во Соединетите држави, со повеќе од една третина од вкупно 77.313 смртни случаи од ковид во САД.

Кумо рече дека 226 њујорчани починале од ковид во петокот, во споредба со 216 претходниот ден, додека тој број е за половина понизок од податоците од претходната недела.

Можеби ќе ве интересира

Три деца се меѓу 13-те загинати откако руски воен авион се урна во дворот на зградата

M T

Мечка во САД нападнала момче во двор

M T

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Џефри Сакс: Зад саботажата на „Северен тек“ можеби стојат САД и Полска

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T