21 годишно момче и официјално е најмладата жртва на коронавирус во Албанија.
Се работи за 21 годишно момче од Елбасан, кое било едно од четирите поцинати лица во изминатото деноноќие.
Меѓу починатите бил и познатиот албански професор доктор Елмаз Елези (86 години), кој некогаш работел како директор на Инфективната клинка во Тирана.
До сега во Албанија најмладиот починат пациент беше девојка на 23 годишна возраст.
22 отсто од тестираните биле заразени
Нов рекорд на новозаболени или 306 од тестирани 1.412 сомнителни случаи.
Ова е околу 22 отсто од тестираните.
Особена загриженост има кај нашиот западен сосед поради високата стапка на бројот на заразени на кои мора да им биде пружено болничко лекување.
Во моментов во Албанија има 7621 активен случај на ковид, а од почеокот на пандемијата биле заразени 18.556 лица.