17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Тито Петковски: ВЛЕН бара отворање на Банка за Албанците и Албанска академија на науките, тешко дека ќе се договорат со ВМРО-ДПМНЕ

„Ако сте обрнале внимание на програмата на ВЛЕН, има две точки, надвор од овие кои се френвентни во јавноста. Во програмата им стои дека тие ќе се залагаат и ќе бараат од партнерот Банка за Албанците и Албанска академија на науките, па дури после тоа говорат за шест месеци за гласање за уставни измени“ рече поранешниот политичар Тито Петковски во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Освен тоа, како што кажа тој, ВЛЕН исто така бара и алабанскиот јазик да биде службен јазик на целата територија и претседателот на државата да се бира во Собранието со двотретинско мнозинство и бандентерово мнозиство.

Според него ќе биде тешко ВМРО-ДПМНЕ да направи влада со ВЛЕН и не ја исклучува можноста за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и покрај острата реторика меѓу двете партии.

„Најсилните конфорнтации меѓу политичките партии ме потсеќаат на бранични другари кои најмногу се караат, пред да се сакаат најмногу“ рече Петковски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ сега го критикува СДСМ дека премногу министерски места дале на ДУИ и рече дека и албанската опозиција во преговорите за влада нема да бара ништо помалку од тоа што сега го има ДУИ.