3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

Рама: Блиску сме до откривање гас и нафта во Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека компанијата „Шел“ е многу блиску до важно откритие за гас и нафта во Албанија, што во голема мера ќе влијае не само на иднината на земјата, туку и на енергетската иднина на Европа.

„ Полни сме со надеж дека наскоро ќе можеме да ја известиме јавноста во нашата земја и регионот, но и надвор од регионот за едно многу важно откритие на кое работи „Шел“ во нашата земја. Тие одбиваат да зборуваат за тоа, но има знаци дека сме блиску до многу важно откритие за гас и нафта“ рече Рама за време на неговата посета на Холандија.

Рама денеска разговараше со претставници на холандски компании кои работат во Албанија и други инвеститори заинтересирани за проширување на активностите.

Во мај 2019 година, „Шел“ објави дека истражувањата во близина на градот Берат, во централна Албанија, ја потврдиле можноста за значително откривање нафта.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Шведска: Гас од „Северен тек 1“ истекува во Балтичкото Море

M T

Бислимоски: Интерконекторот помеѓу Северна Македонија и Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект во снабдувањето со природен гас

M T

Русија ќе ги намали испораките на гас за Европа за една третина

M T

Јапонија тројно го зголеми увозот на руски гас

M T

Рама: Не треба да се врши притисок врз Србија

M T

„Голдман Сакс“: Цените на гасот во Европа оваа зима веројатно ќе се преполоват

M T