6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Иран одобри вакцинација за деца на возраст од 5 до 11 години

Министерството за здравство на Иран одобри употреба на вакцина против коронавирус за деца на возраст од пет до 11 години.

Портпаролот на Комитетот за коронавирус Абас Широзан рече дека е одобрено децата на возраст од пет до 11 години да можат да се вакцинираат со вакцините „синофарм“ и „пастоковац“.

Од Министерството за здравство истакнаа дека вакцинацијата на децата на возраст од пет до 11 години целосно ќе се заснова на одобрение и желби на родителите.

Досега во Иран можеа да се вакцинираат деца на возраст меѓу девет и 12 години. Вакцинирањето на оваа популација започна на 25 јануари.

Иран моментално има вакцини „синофарм“, „спутник“, „астразенекa“, домашна вакцина „ковиран берекет“ и вакцина „пастоковац“, кои ги разви во соработка со Куба.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Три деца се меѓу 13-те загинати откако руски воен авион се урна во дворот на зградата

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

4 хороскопски знаци кои се најпопустливи родители: Тие ја играат улогата на „добриот полицаец“

M T

Путин: Работата на стратешкиот договор со Иран е во завршна фаза

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T