12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

Утринава околу 9:30 часот, патнички воз удрил во автомобил во градот Болфан, на железничкиот патен премин, јавуваат хрватските медиуми.

Според информациите, двајца сопатници од автомобилот, 27-годишна жена и четиригодишно момче загинаа.

Во Општата болница Копривница се пренесени уште двајца патници.

Информациите се дека во болница биле пренесени 28-годишен возач и четиригодишно девојче, кои лекарите ги реанимирале на пат кон болница и во болница. Во болница починало четиригодишното девојче.

Директорот на болницата, Мате Девчиќ изјавил дека при транспортот во болница бил направен обид да се спаси четиригодишното девојче со реанимација.

Како што се испоставува, на преминот немало рампа.

Железничкиот сообраќај е во прекин. Патничкиот воз сообраќал на линијата Копривница – Вараждин.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Индија

M T

Три деца се меѓу 13-те загинати откако руски воен авион се урна во дворот на зградата

M T

Скопјанка загина во тешка сообраќајна несреќа во Чаир

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

4 хороскопски знаци кои се најпопустливи родители: Тие ја играат улогата на „добриот полицаец“

M T

Уапсена мајката чии деца биле пронајдени мртви во куфери на Нов Зеланд

M T