5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТМОЗАИКЗДРАВЈЕ

Маж со тешка повреда на ‘рбетот повторно прооде благодарение на имплант

Швајцарски научници развија имплант со кој маж со тешка повреда на ‘рбетниот столб повторно прооде. Ова е прв случај човек со целосно пресечен ‘рбетен столб повторно да успее да оди.

Мајкл Рокати останал парализиран по сообраќајна несреќа со мотор. ‘Рбетниот столб му бил целосно отсечен и воопшто не ги чувствувал нозете. Но, по поставувањето на електричниот имплант повторно ги направил своите „први чекори“.

Експертите нагласуваат дека ова не е универзален третман за повреди на ‘рбетот и дека технологијата сè уште е премногу комплицирана за да се користи во секојдневниот живот.

„ Можам да станам, да одам каде сакам, можам да се качувам по скали – тоа е речиси нормален живот. Порано се занимавав со бокс, трчање и вежбање во вежбалница. По несреќата повеќе не можев да ги правам работите што ги сакам, но не сакав да се откажам. Никогаш не ја прекинав рехабилитацијата. Сакав да го решам овој проблем“ – додаде тој.

Брзината на закрепнувањето на Мајкл го воодушевила и неврохирургот кој ја извршил оваа операција, односно вградил имплант и поврзал електроди на одделни нервни влакна.

„Бев крајно изненаден. Мајкл е апсолутно неверојатен. Со оваа нова технологија треба да напредува сè повеќе и повеќе“, изјави Џоселин Блок од Институтот ЛНТМ.

Д-р Рам Харихаран од Северната општа болница во Шефилд истакна дека вакво нешто досега не е направено.

„Не сум слушнал за никакво истражување во кое на пациент со целосно исечен ‘рбетниот мозок му бил вграден имплант и на кој потоа можел да ги движи мускулите доволно за да застане и да оди “, рече Харихаран, додавајќи дека се потребни повеќе клинички испитувања пред да се покаже дека тоа е навистина ефикасен третман.

Нервите во ‘рбетниот мозок испраќаат сигнали од мозокот до нозете. Кога овие нерви се оштетени, некои луѓе остануваат парализирани. Во случајот на Мајкл, неговите нозе воопшто не добивале сигнали бидејќи ’рбетниот столб му бил целосно отсечен. Се покажа дека имплантот може успешно да ги испрати овие сигнали, кои му овозможија повторно да оди – но само кога ќе се вклучи имплантот.

Би-би-си јавува дека досега девет лица примиле имплант и си ја вратиле способноста за одење. Никој од нив не ги користи како помош за одење во секојдневниот живот, бидејќи во оваа фаза е премногу комплицирано – наместо тоа, тие ги користат за вежбање одење кое ги зајакнува нивните мускули, го подобрува здравјето и често враќа малку движења.

Можеби ќе ве интересира

Маж во Швајцарија си ја убил сопругата, го ранил зетот па се самоубил

M T

Уапсен маж откако се приближил до ковчегот на кралицата Елизабета Втора

M T

Загина маж од Неготино откако бил удрен од товарен воз

M T

Маж со секира убил жена во Берлин

M T

Маж починал по напад од лав во зоолошка градина во Гана, се обидел да украде лавчиња

M T

Маж падна во провалија длабока 30 метри во Тенерифе

M T