8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОРТОП ВЕСТИ

Во Кина се појави ново жариште на коронавирус, најголемо по Вухан

Жариште на Ковид-19 откриено во кинескиот град Нанџинг се прошири во пет кинески провинции и главниот град Пекинг, а кинеските државни медиуми ваквата ситуација ја нарекоа најголемата зараза по Вухан, објави Би-би-си.

Според државните податоци, заразени се речиси 200 луѓе откако вирусот бил откриен на градскиот аеродром на 20 јули.

Сите летови од аеродромот во Нанџинг ќе бидат суспендирани до 11 август, објави „Глобал тајмс“.

Официјалните лица, исто така, започнаа масовно тестирање по критиките за нивниот неуспех.

Сите 9,3 милиони жители на градот, вклучувајќи ги и оние што дошле да го посетат Нанџинг, ќе бидат тестирани, објави државната новинска агенција „Ксинхуа“.

Официјалните лица веруваат дека жариштето е предизвикано од позаразната делта варијанта на вирусот и дека инфекцијатата се проширила поради присуството на вирусот на фреквентниот аеродром.

Администрацијата на аеродромот доби опомена, а дисциплинското тело на Комунистичката партија тврди дека има проблеми, како што е недостаток на надзор и непрофесионално управување.

Тестовите покажуваат дека вирусот сега се проширил во најмалку 13 градови, вклучувајќи ги Ченгду и главниот град Пекинг.

Локалните власти во Нанџинг велат дека седум од заразените се во критична состојба. Корисници на кинеските социјални мрежи ја доведоа во прашање и ефикасноста на кинеските вакцини против делта сојот.

Не е познато дали заразените биле вакцинирани.

Голем број земји од Југоисточна Азија кои се потпираат на кинеските вакцини неодамна објавија дека ќе користат вакцини од други производители.

Можеби ќе ве интересира

Британското разузнавање: Кина ги мами нашите поранешни пилоти во својата армија, нуди големи пари

M T

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

Пожар зафатил 10 ката од зграда висока 218 метри во Кина

M T

Прв случај на мајмунски сипаници во Кина

M T

Тајфунот Муифа ја погоди Кина, повеќе од милион евакуирани

M T