6.8 C
Скопје
9. декември 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Царовска во Куманово: Учениците ни се важни, затоа создаваме квалитетно образование во цела држава

Министерката за образование и наука Мила Царовска и министерот за внатрешни работи денеска го посетија ОУ “Христијан Карпош” во Куманово, каде во тек се градежни работа за реконструкција на училишната зграда.

Реконструкцијата се прави со средства од Министерството за образование и наука во вкупна вредност од околу 8,9 милиони денари, а предвидено е целосно да се замени дотрајаниот кров на училиштето, да се постават нови подови и санитетски јазли, како и да се заменат старите прозорци со нови.

“Среќна сум што учениците новата учебна година ќе ја започнат во објект во кој ги подобруваме условите за настава. Како Министерство и како Влада изминатиот период покажавме дека заедно со локалните самоуправи исклучително ни е важно создавање на квалитетно образование за секое дете и тоа во целата држава, во секој град и населно место. Нашата цел е да создадеме идни генерации кои ќе бидат непроценлив потенцијал на нашата држава, а тоа можеме да го постигнеме само преку вложувања во образовниот систем. Ова го потврдуваме не само со силни инвестиции во инфраструктура, туку и со розвојот на квалитетни и современи наставни програми и со поддршка на наставниот кадар”, изјави Царовска.

Министерката истакна дека истовремено со реконструкцијата на училиштата и обезбедување со потребната опрема и ентериер, забрзано се работи и на подготовка на нови материјали за учење за прво и четврто одделение кои ќе се користат од новата учебна година, како и на обуки и обезбедување на континуирана поддшка за наставниот кадар.

“Исто така, би сакала да напоменам дека МОН постојано ги зголемува средствата за капитални инвестиции, а оваа година за инфраструктурни зафати се обезбедени околу 1 милијарда денари што е за два и пол пати повеќе во споредба со минатата година. Зголемување на јавните инвестиции во основното образование се овозможува и со проектот со Светска банка, вреден 21,5 милиони евра, од кои 60% ќе бидат наменети за училиштата, на ниво на грантови за адаптации, промени и за набавка на ИТ уреди и воспоставување дигитални библиотеки. Во тек е и повик за обезбедување на комплетна пристапност на образовни институции, од кои еден дел се основи училишта. Ги повикувам општините да аплицираат и да обезбедат подобри услови за учeниците”, рече Царовска.

Можеби ќе ве интересира

Царовска: Создаваме сеопфатно, квалитетно и инклузивно образование за сите, обезбедувајќи професионален и кариерен развој на наставниците, преку проект од ИПА2

M T

Царовска по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост: Обезбедуваме услови и поддршка за секое дете да добие квалитетно образование и целосно да се реализира во општеството

M T

Царовска: Учениците од најрана возраст треба да научат да препознаваат, да се гласни и да дејствуваат против сите форми на насилство

M T