23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСИЗБОР

Фаучи: Најверојатно ќе биде потребна трета доза од вакцината

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, процени дека на вакцинираните Американци чиј имунолошки систем е загрозен, може да им треба дополнителна, трета, доза на вакцината против ковид-19, посочувајќи дека САД се соочуваат со пораст на бројот на заразени со делта-сојот.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Фаучи рече дека станува збор за пациенти кои имале трансплантација, кои биле подложени на хемотерапија за карцином, кои имаат автоимуни заболувања, кои се на имунотерапија, велејќи дека тие се првите кандидати за евентуално трета ревакцинација, што веројатно ќе следи.

Укажувајќи на студии кои покажуваат дека можеби има пад на имунитетот на луѓето кои биле вакцинирани, Фаучи рече дека здравствените власти на САД ги анализираат податоците за да утврдат кога ќе биде потребна ревакцинација.

Британската агенција потсетува дека минатата недела, израелското Министерство за здравство пријави намалување на ефикасноста на вакцината. Во исто време, израелски експерти рекоа дека вакцината развиена од „Фајзер“ и „БајонТек“, дадена во две дози, сепак, е многу ефикасна во спречување на сериозни болести.

Падот на ефикасноста се совпаѓа со ширењето на делта-сојот, кој сега е доминантен вид во Израел.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Оваа вакцина ќе го промени светот

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T

Експерти: Северна Кореја без вакцина против коронавирус е на работ на катастрофа

M T

ЕМА го замрзна процесот на тестирање на руската вакцина Спутник

M T

Шефот на Фајзер: Омикронскиот бран е последниот во кој ќе имаме такви ограничувања

M T