Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

591 санкции за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (25.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 591 возач. Од нив, 70 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СИН ФИЗИЧКИ ГО НАПАДНАЛ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО – Кривична пријава против 24-годишник од Пехчево

ДЕСК

УЖАС: 15-ГОДИШНИК ПРИЈАВЕН ЗА НАПАД ВРЗ МАЈКАТА – Полицијата постапува по случај во Аеродром

ДЕСК

ЈА ПОЛИЛ СОБАТА СО ЗАПАЛИВА ТЕЧНОСТ И СЕ ЗАКАНИЛ ДЕКА ЌЕ ЈА ЗАПАЛИ КУЌАТА – Сериозен случај во Куманово

ДЕСК