21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Во сонцето уживајте уште утре, потоа следува невреме – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Утре ќе биде претежно сончево, попладне ќе има услови за изолирана појава на. Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер. Потоа условите за нстабилно време ќе се намалуваат.

Прогноза за 07.05.2024
Минимална температура: 5°C до 12°C
Максимална температура: 20°C до 27°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд со грмежи.

Прогноза за 08.05.2024
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 19°C до 26°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 09.05.2024
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 16°C до 22°C

Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме.