Прес-конференција на претседателот на Владата Зоран Заев за презентирање на четвртиот пакет економски мерки
Денеска со почеток во 12:30 часот претседателот на Владата Зоран Заев ќе има прес-конференција за презентирање на четвртиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19.
На прес-конференцијата ќе бидат присутни и заменик-претседателот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министрите Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Арјанит Хоџа, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски.
Прес конференцијата ќе може да ја проследите во живо и на Centar.mk.