8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/Илустрација
КОРОНАВИРУСИЗБОРТОП ВЕСТИ

Истражување: Антителата исчезнуваат шест месеци по примањето на втората доза „Синовак“

Антителата кои се создаваат по кинеската вакцина „Синовак Биотек“ против Ковид-19 паднале под клучниот праг за околу шест месеци по втората доза кај повеќето од оние кои ја примиле, додека третата доза имала силно стимулирачко дејство, покажува лабораториска студија.

Кинески истражувачи ги објавија наодите од студијата заснована на примероци од крв земени од здрави возрасни лица на возраст од 18 до 59 години.

Меѓу учесниците кои примиле две дози, во временски период од две или четири недели, само 16,9 проценти односно 35,2 проценти, соодветно, имале неутрализирачки антитела што биле над она што истражувачите го сметаат за праг кој може да се детектира шест месеци по втората доза, се наведува во студијата.

Индонезија и Тајланд веќе се согласија да дадат вакцини од „Модерна“ или „Фајзер“, како трета доза, на некои луѓе кои биле целосно вакцинирани со „Синовак“, поради загриженост за нејзината ефикасност против делта варијантата на коронавирусот.

Турција започна да нуди трета доза „Соновак“ или „Фајзер“ на некои луѓе кои примиле вакцина „Соновак“.

На крајот на јуни, „Синовак“ испорача повеќе од милијарда дози вакцини, кои се клучни за имунизација во Кина, Бразил, Индонезија и Чиле.

Можеби ќе ве интересира

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Оваа вакцина ќе го промени светот

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T

Експерти: Северна Кореја без вакцина против коронавирус е на работ на катастрофа

M T

ЕМА го замрзна процесот на тестирање на руската вакцина Спутник

M T

Шефот на Фајзер: Омикронскиот бран е последниот во кој ќе имаме такви ограничувања

M T