23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Филипче: Ќе треба да се закаже термин за вакцинација на деца

Вакцинацијата на деца од 12 до 16 години ќе мора да се закажува на страницата www.vakcinacija.mk информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче, кој беше во посета на поликлиниката Шуто Оризари, каде што беше отворен вакцинален пункт.

„Ова се прави поради подобра организација, од една виала ‘фајзер’ се даваат шест дози вакцини, односно се вакцинираат шест лица. За да не дојде до отворање на вакцината и само на пример две апликации да се извршат, го правиме ова. По пријавување на децата, ќе се добие термин за нивна вакцинација. Родителите ќе може да го направат пријавувањето до четврток, а од петок ќе почне вакцинацијата на младите од 12 до 16 години“, рече Филипче.

Вакцинирањето на децата од 12 до 16 години со вакцината на „фајзер“ ќе започне од петок. Оваа вакцина во моментов е единствена која е дозволена да се користи согласно препораките од внатрешното упатство за оваа категорија на деца, појаснија деновиве здравствените власти.

Можеби ќе ве интересира

Пристигнаа над 250.000 дози на „Фајзер“ како донација од Италија

M T

Директорот на „Фајзер“: Годишните вакцини против ковид би биле подобри од честите бустери

M T

Шефот на Фајзер: Омикронскиот бран е последниот во кој ќе имаме такви ограничувања

M T

Филипче: Продолжувам да работам во интерес на пациентите и здравствените работници

M T

ЕMA: Лекот на „Фајзер“ против Ковид-19 ќе биде во употреба за неколку недели

M T

Фајзер прави вакцина против сојот омикрон

M T