5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Се крати рокот за ревакцина со „Астра зенека“, втора доза по шест недели

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека рокот за ревакцина со втората доза на „Астра зенека“ од 12 сега се крати на шест недели.

Филипче појасни дека ваквата одлука, која стапува на сила веднаш, е донесена во согласност со Комитетот за имунизација, и според него нема никакви промени во однос на препораката за старосната граница односно дека таа останува да се аплицира на возрасните лица над 60 години.

„Во упатството има една флексибилност, односно ревакцината да биде во период од четири до 12 недели. Ние бевме многу внимателни чекајќи ги буквално сите публикации и искуства на другите земји во однос на првичните регистрирани несакани ефекти. Како времето одминува, како гледаме дека тој ризик е навистина минимален, се одлучивме ревакцината да не биде на минимумот даден во упатството, туку да биде шестата недела“, истакна Филипче.

На новинарско прашање за пријавени инциденти меѓу граѓаните поради утринскиот старт на вакцинацијата без термин, министерот рече дека засега нема такви сознанија но според неговите претпоставки најверојатно гужвите се поради желбата на граѓаните порано да го завршат процесот на вакцинација и да ги избегнат горештините.

„За вакцинација, доволно е само желба и задолжително документ за лична идентификација, за здравствените работници да ги запишат вашите податоци и да бидете евидентирани во системот ‘Мој термин’“, потенцираа од Министерството за здравство.

Вакцинирањето без термин ќе се одвива само по поликлиниките, додека во салата „Борис Трајковски“ во Скопје и останатите сали низ земјата, каде што досега се спроведуваше масовна вакцинација, ќе има само ревакцинација на граѓаните со термини.

Од денеска почна и теренската вакцинација која ќе се одвива по руралните населени места. Жителите од селата кои не се имунизираа во изминатите месеци, сега нема да треба да патуваат до вакциналните пунктови во градовите, туку медицинските тимови ќе ги вакцинираат во нивните села. На овој начин како што рече министерот ќе се олесни пристапот до вакцина на сите лица кои не биле во можност да го сторат тоа во изминатиот период.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Овие намирници немаат рок на траење, може да се чуваат на собна температура

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Оваа вакцина ќе го промени светот

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T

Овие 8 намирници можете слободно да ги јадете по истекот на рокот

M T

Список на намирници кои НЕМААТ рок на траење: Можат да траат ВЕЧНО ако внимавате на неколку работи

M T