12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

ЕMA: Лекот на „Фајзер“ против Ковид-19 ќе биде во употреба за неколку недели

Од Европската агенција за лекови наведуваат дека веќе почнале да ги разгледуваат податоците од лабораториските и клиничките студии, како и резултатите од студијата за употреба на лекот „паксловид“ кај нехоспитализирани и невакцинирани пациенти со Ковид-19.

Европската агенција за лекови (ЕМА) почна со евалуација на оралниот антивирусен лек, а условното одобрување и пуштање во промет на лекот би можело да се изврши по забрзана процедура за неколку недели, велат од централата на ЕМА.

Лекот се користи за лекување благи до умерени симптоми на коронавирусот кај возрасни и адолесценти (на возраст од 12 години и постари со тежина од најмалку 40 кг), кои се изложени на висок ризик од прогресија во тешка форма на Ковид-19.

Во декември 2021 година Управата за храна и лекови на САД издаде одобрение за употреба на „паксловид“ за третман на високоризични случаи на коронавирусот на возраст од 12 години и постари и на оние со тежина од најмалку 40 килограми.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Лек за сите проблеми: Еве кои се придобивките од маслото од кантарион во превенцијата од болести

M T

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Регистрирани се 81 новозаразени со коронавирус, нема починати лица

M T

Нов Зеланд ги укинува скоро сите мерки за Ковид-19

M T

Природен лек кој може да ни помогне: Еве за што е добар чајот од камилица

M T

Овој лек може да му наштети на вашето срце поради неговата скриена содржина на сол

M T