18.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Драстична промена на времето, невреме во Македонија – Метеоцентар објавува неколкудневна прогноза

Од утре до петок времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.

Прогноза за 09.05.2024
Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 16°C до 24°C

Променливо облачно и нестабилно, наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Прогноза за 10.05.2024
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 14°C до 21°C

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во јужните делови. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Прогноза за 11.05.2024
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 17°C до 23°C

Променливо облачно, во јужните делови со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец..