12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАИЗБОР

СЗО предупредува на нов ковид бран во Европа

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека е неизбежен нов бран на инфекции од корона вирусот во Европа, каде што високо заразната Делта варијанта предизвика раст на нави случаи во земји како Русија, која најави засилување на кампањата за вакцинација со цел да спречи бран на смртни случаи и инфекции.

Ханс Клуге – шеф на СЗО во Европа, на денешен брифинг со новинарите рече дека е завршено 10-неделното опаѓање на новоинфицирани низ цела Европа и дека граѓаните и законодавците треба да ја одржуваат дисциплината доколку сакаат да избегнат експлозија на случаи.

Бројот на нови случаи минатата недела се зголеми за 10 проценти, во услови на зголемено мешање, патувања, собири и олеснувања на социјалните ограничувања, рече Клуге.

„Ова се случува во контекст на една ситуација која брзо се развива. Новата Делта варијанта предизвикува загриженост и во регионот каде и покрај огромните напори на земјите членки, милиони луѓе остануваат невакцинирани“, рече тој.

„Ќе има нов бран во европскиот регион на СЗО, освен ако не останеме дисциплинирани“, додаде тој.

Кетрин Смолвуд – висок службеник за итни случаи во СЗО за Европа, исто така предупреди дека градовите домаќини на фудбалските натпревари на Евро 2020 треба подобро да го следат движењето на гледачите, вклучително пред да пристигнат и откако ќе ги напуштат стадионите.

„Треба да погледнеме многу подалеку од самите стадиони“, рече Смолвуд на прашање за препораките во услови на зголемен број случаи во Лондон и Санкт Петербург кои треба да бидат домаќини на четвртфиналните натпревари за време на викендот.

Русија на 1 јули објави 672 смртни случаи од корона вирус во текот на изминатите 24 часа, што е високо ниво трет ден по ред.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T