Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Синоптичарите со нови најави – Метео центар објавува детална прогноза за следните 4 дена

Во недела и понеделник времето ќе биде претежно сончево и потопло. Во вторник локално ќе има изолирана појава на пороен дожд и ретки грмежи. Под влијание на нов влажен бран во среда и четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

Прогноза за 05.05.2024
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 17°C до 25°C

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Прогноза за 06.05.2024
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 18°C до 25°C

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи.

Прогноза за 07.05.2024
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 19°C до 26°C

Сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи.

Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО МЕТАЛЕН ПРЕДМЕТ ВО МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ – 55-годишник пријавил насилство во Карпош

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Оштетен автомобил со српски регистарски таблички

ДЕСК

АПСЕЊЕ ВО ШТИП – Полицијата запрела „сеат“, во возилото пронашла марихуана

ДЕСК