8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Филипче ги соопшти предложените мерки: Ова е последниот чекор, пред воведување полициски час!

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека Комисијата за заразни болести откако ја разгледала епидемиолошката состојба во земјава, до владата решила да достави втор пакет мерки за заштита од коронавирусот што вклучува задолжително носење маски на отворено, препорака до цела јавна и државна администрација да ротира во смени и ограничување на капацитетите на јавниот превоз на педесет проценти.

– Пораката до граѓаните е дека ситуацијата е навистина сериозна. Следен чекор е целосно ограничување на движењето односно полициски час, изјави Филипче.

Анализите покажале дека најмногу новозаразени има во третата, четвртата и петтата декада, а најкритични се Скопје, Штип и Струмица. Болниците се полнат забрзано. Исполнети се одделенијата во Струмица и во Штип, а нема место ни во Прилеп, па отворено е уште едно болничко крило. Забрзано се пополнуваат капацитетите на болниците во Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T