Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Кејт Бингем: Враќање во нормален живот дури на крајот на 2021 година

Шефицата на британскиот стручен штаб за вакцина против Ковид-19, Кејт Бингем, во интервју за Би-би-си оцени дека животот ќе се врати во нормала дури на крајот на 2021 година.

Таа најави дека вакцината против Ковид-19 може да биде достапна најрано до крајот на оваа година и додаде дека првин ќе ја примат најранливите членови на британското општество.

„Мислам дека не е веројатно оти иницијалната вакцинација ќе ги заштити луѓето засекогаш. Можеби ќе мора да се ревакцинираме за да го задржиме имунитетот против коронавирусот“, рече Бингем.

Во меѓувреме, во Северна Ирска беше објавено дека од петок ќе почне двонеделен прекин на училиштата и услужните дејности и четиринеделно затворање на рестораните и пабовите со цел да се запре понатамошното ширење на коронавирусот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T