8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Спасовски: Нема нови случаи на заразени со корона вирусот, но институциите остануваат будни и посветени на здравјето на граѓаните

Оливер Спасовски, премиер во техничката влада и потпретседател на СДСМ, вечерва во интервјуто зборуваше за посветеноста на институциите во заштитата од корона вирусот.

„Сите ние во Владата го посветуваме времето на здравјето на граѓаните. Правиме се што можеме за да спречиме ширење на вирусот. Во полн капацитет работат сите институции. Комисијата за заразни болести работи секој ден под раководство на министерот Венко Филипче. Сите во Владата сме посветени да ги решаваме проблемите. Носиме и важни и храбри одлуки, и иако тие изгледаат рестриктивни, сепак мораме да се справиме со ширењето на вирусот. Сите институции функционираат, сите стручни лица се ангажирани и делуваат согласно препораките.“- смирува Спасовски, кој во моментот ја извршува функцијата преоден премиер, инаку е носител на кандидатската листа за втората изборна единица на коалицијата „Можеме“.

Тој потенцираше дека свој дел во целата операција за заштита од корона вирусот имаат самите граѓаните, односно како тие ќе покажат одговорност и грижа за своето, но и за здравјето на другите.

„Да го земеме Дебар, таму сме ние секој ден со граѓаните за да можат полесно да го надминат ова. Благодарение на градоначалниците на Дебар и Центар Жупа, како и на сите институции, ние таму вложуваме натчовечки напори за да ја одржиме ситуацијата под контрола. Свој удел во ова секако дека имаат сите граѓани. Секој поединечно мора максимално да ги почитува препораките и да се придржува кон забраните. Сите капацитети на државата се на терен и важно е тие да функционираат на територија на цела држава. Постојано работат лекарски тимови, денеска имавме нови тестирања, за среќа сите негативни. Иако немаме нов случај, сепак мораме да сме будни и да го даваме својот влог. Сите медицински работници се вложуваат, но признание мора да им се даде и на лекарите, на медицинскиот персонал, полицијата, армијата, центрите за справување со кризи и сите други кои несебично ја сфаќаат серизноста на ситуацијата и се жртвуваат да помогнат. Значи, од една страна правиме се животот на сите да ни тече нормално, а од друга да го спречиме ширењето на заразата.“- поентираше Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T