6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Меки и сочни, едноставно се топат во уста: Американски палачинки какви што немате пробано досега!

Американските палачинки се едноставно превкусни! Ви донесуваме едноставен и брз рецепт за овој вкусен десерт кој можете да го правите за доручек, или како десерт за семејството и пријателите.

Состојки:

2 шолји брашно
2 лажички прашок за печиво
1/2 лажичка сол
1 ванилин шеќер
2 шолји млеко
4 лажици масло
2 јајца
Начин на подготовка:

Одвоено измешајте ги сувите и влажните состојки. Лесно спојте ги и матете со миксер 2-3 минути.

На средна температура загрејте намастена тава. Со кутлача ставајте тесто на тавата. Печете околу минута (ќе знаете дека долната страна е печена кога на непечената страна ќе се појават меурчиња), превртете и полека испечете ја и другата страна.

Палачинките можете да ги наредите една на друга, па прелијте ги со чоколадо, мед, јаворов сируп, додајте овошје, сладолед, по желба.

Уживајте!

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Највкусна кога ќе преноќи: Рецепт за розен торта

M T

Домашен рецепт за НАЈДОБРИОТ АЈВАР кој никогаш не разочарува

M T

Направете сами ТОРТИЉА ЧИПС: Едноставен рецепт, а за многумина омилена закуска

M T

Совршени со филм или добра книга: Уживајте во овие домашни кифлички

M T

Вкус кој долго ќе се памети: Гравче со месо печено во рерна

M T

МИРИЗЛИВИ И МЕКИ – Рецепт за домашни солени кифлички

M T