14.8 C
Скопје
3. октомври 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Кујната од CentarНаправи Сам

Домашен рецепт за НАЈДОБРИОТ АЈВАР кој никогаш не разочарува

Со оглед на тоа што има бројни полемики околу состојките и домашниот рецепт за ајвар, ви го претставуваме рецептот на Весна, во чиј дом ајварот традиционално со децении се подготвува по истиот рецепт.

Состојки за ајвар:

– 10 кг црвени пиперки
– 3 големи модри патлиџани
– 5 dl масло
– сол по желба
– 1 голема лажица шеќер

Постапка:

1. Печете ги пиперките на шпорет и веднаш по печењето ставете ги во пластична кеса неколку минути за да омекнат, со што ќе се олесни лупењето на кожата. Кога малку ќе се оладат, излупете ја секоја пиперка, па ставете ги во голема цедалка или мрежеста компактна подлога подигната од површината за да се исцедат што подобро (потребни се најмалку три часа за цедење).

2. И модрите патлиџани се печат, па се чуваат кратко во кесичка на ист начин како пиперките, па се лупат и се оставаат да се исцедат.

3. Исцедената пиперка и модар патлиџан се меле на рачна мелница за месо, се префрла во поголемо тенџере и се става на тивок оган.

4. За време на варењето смесата мора постојано да се меша, а маслото да се додава постепено, по 1 дл на секои 20 минути. Постојано мешајте бидејќи маслото не смее да крене на површина. Најлесен начин да проверите дали е готов ајварот е да поминете со дрвена лажица преку дното на тенџерето, после што треба да направите патека од лажицата, т.е. да го видите дното на тенџерето.

Додадете сол и шеќер на самиот крај, т.е. последните 20 минути од пржењето.

5. Во меѓувреме додека се готви ајварот потребно е да се подготват теглите. Чистите тегли загрејте ги во рерна на 50 степени и во нив ставете го ајварот додека е уште топол. Секоја наполнета тегла прелијте ја со малку масло, затворете ги со капак и ставете ги во кутија и покријте ги со чаршав и ќебе.

Оставете ги покриени да се изладат постепено 24 часа, а потоа чувајте ги на ладно и темно место.

Можеби ќе ве интересира

Направете сами ТОРТИЉА ЧИПС: Едноставен рецепт, а за многумина омилена закуска

M T

Совршени со филм или добра книга: Уживајте во овие домашни кифлички

M T

Вкус кој долго ќе се памети: Гравче со месо печено во рерна

M T

МИРИЗЛИВИ И МЕКИ – Рецепт за домашни солени кифлички

M T

Рецепт за добар сон: Спијте без пижами и подобрете го менталното здравје

M T

Направете смеса за топење масти, забрзување на метаболизмот и чистење на цревата: Потребни ви се САМО неколку состојки кои сите ги имаме во кујната

M T