19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Пита хармоника со тиквици: Евтина, брза и крцкава вечера!

Кога ви се јаде крцкава пита, која се прави брзо и од евтини состојки, хармоника со тиквици е одличен избор.

Состојки:

1 голема тиквица или 2 помали
4 јајца
500 мл јогурт
1 лажичка сол
половина лажичка бибер
100 мл масло
500 гр кори за пита
Начин на подготовка:

Исчистете ги и изрендајте ги тиквиците па посолете и додајте бибер. Измешајте и оставете да отстои и пушти вода. Разматете јајца и јогурт, па сè измешајте. Масата од јогурт додајте ја во тиквиците.

Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Премачкајте длабока тепсија со масло, па свиткајте кори како хармоника на ширина од 2 см. Наредете кори една до друга. Така направете со сите кори, наредете ги една до друга, да бидат густо сложени.

Прелијте со маса од јогурт и тиквици. Ставете да се пече околу 45 минути.

Добар апетит!

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Највкусна кога ќе преноќи: Рецепт за розен торта

M T

Пита со сирење: Рецепт за најбрзиот и највкусниот појадок!

M T

Домашен рецепт за НАЈДОБРИОТ АЈВАР кој никогаш не разочарува

M T

Направете сами ТОРТИЉА ЧИПС: Едноставен рецепт, а за многумина омилена закуска

M T

Совршени со филм или добра книга: Уживајте во овие домашни кифлички

M T

Вкус кој долго ќе се памети: Гравче со месо печено во рерна

M T