Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак денеска објави список на оружје кое, како што тврди, ѝ е потребно на Украина за да ја заврши војната.
„Ќе бидам директен – ни треба тешко оружје за да ја завршиме војната: 1.000 хаубици од 155 милиметри, 300 повеќецевни фрлачи (MLRS), 500 тенкови, 2.000 оклопни возила и 1.000 беспилотни летала“, напиша Подољак на Твитер.
Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак најави дека в среда, на 15 јуни, во Брисел ќе се одржи состанок на Контакт групата на министри за одбрана и дека Украина „чека одлука“.
Спонзорирано: