6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозии во фабрика за оружје во Бугарија, тројца загинати

Две силни експлозии ја потресоа фабриката за оружје „Арсенал“ во Казанлак, јавија бугарските медиуми, наведувајќи дека се уште не е позната причината за несреќата. Во експлозиите загинаа најмалку три лица, а неколку други бсе повредени.

На местото на експлозијата веднаш биле испратени спасувачки екипи и брза помош.

Фабриката за оружје „Арсенал“ пред неколку месеци беше спомената во жестоката размена на обвинувања меѓу властите и опозицијата, која тврдеше дека автоматски пушки и муниција од Казанлак тајно се транспортираат во Украина.

Тогашната бугарска влада ги отфрли овие тврдења како неосновани.

Опозицијата го наведе Казанлак како една од точките каде оружјето се товари на камиони, од каде преку Полска се доставува до украинските вооружени сили.

Околу 5.000 луѓе се вработени во фабриката која произведува бугарски верзии на „калашникови“, фрлачи на гранати, минофрлачи, противвоздушни пушки и разни видови муниција.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Приведени четири лица на подрачје на Чаир и Бутел, пронајдено оружје, дрога…

M T

САД најавија нов пакет оружје за Украина во вредност од 600 милиони долари

M T

Претрес во прилепско, пронајдено оружје и муниција, приведено едно лице

M T

Ковачевски: Стратешките комуникации на НАТО се најсилното оружје против дезинформациите и хибридните дејствија

M T

Шолц критикуван за сериозни пропусти во испораката на оружје за Украина

M T

Најмалку три лица загинаа во експлозии во руски Белгород

M T