20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

САД најавија нов пакет оружје за Украина во вредност од 600 милиони долари

Американскиот претседател Џо Бајден најави нов пакет со оружје во вредност од 600 милиони долари што ќе и помогне на украинската армија во борбата против Русија, се наведува во меморандумот од Белата куќа испратен до Стејт департментот.

Бајден ја одобри помошта користејќи ги неговите претседателски овластувања што му дозволуваат да одобри трансфер на вишокот оружје од американските резерви.

Во меморандумот не е наведено како ќе се искористат парите, но неколку извори изјавија дека се очекува пакетот да содржи муниција, вклучително и повеќе ракетни системи со голема подвижност (HIMARS).

Пакетот ќе содржи и муниција за хаубици (артилериско оружје), според двајца извори кои сакаа да останат анонимни бидејќи не се овластени да зборуваат јавно. Во меморандумот се споменува и дека парите ќе бидат наменети за воено образование и обука.

Вашингтон испрати воена помош во вредност од околу 15,1 милијарди долари на владата во Киев од почетокот на руската инвазија.

Можеби ќе ве интересира

Мечка во САД нападнала момче во двор

M T

Експлозии во фабрика за оружје во Бугарија, тројца загинати

M T

Џефри Сакс: Зад саботажата на „Северен тек“ можеби стојат САД и Полска

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

САД, Јапонија и Јужна Кореја со осуда за истреланата балистичка ракета: Тоа е неприфатливо

M T

САД се огласија за државјанството на Едвард Сноуден

M T