23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Борел разговараше со лидерите на Западен Балкан за последиците од војната во Украина

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, вчера во Њујорк приреди неформален ручек со лидерите од Западен Балкан, на кој главна тема беше глобалното и регионалното влијание на „илегалната и неиспровоцирана војна на Русија против Украина“.

Како што се потсетува во соопштението на Надворешната служба на ЕУ (ЕЕАС), овие состаноци се одржуваат двапати годишно во Брисел и Њујорк и служат како неформална можност за размена на мислења за предизвиците во регионот и европската иднина на регионот.

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ ја нагласи поддршката што ЕУ ја дава на Западен Балкан за подобрување на енергетската безбедност и во справувањето со хибридните закани, вклучително и сајбер заканите и странската манипулација со информации.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Лидерите на Турција и Израел се сретнаа првпат од 2008 година

M T

Шолц: Путин мора да разбере дека не може да победи во војна

M T

Бајден: Војната во Украина ќе се одолговлекува

M T

Борел очекува наскоро да биде потпишан договорот за иранската нуклеарна програма

M T