4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шолц: Путин мора да разбере дека не може да победи во војна

Рускиот претседател Владимир Путин ќе се откаже од своите „империјални амбиции“, кои се закануваат да ги уништат Украина и Русија, доколку сфати дека не може да победи во војната, изјави во Њујорк германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Поради оваа причина, нема да прифатиме никаков мир по диктат на Русија, и затоа Украина мора да биде способна да се одбрани од руски напад“, рече Шолц во обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации.

„Враќањето на империјализмот, со војната на Путин против Украина, не е само катастрофа за Европа, туку и за глобалниот мировен поредок заснован на закон“, рече германскиот канцелар и ги повика ОН да го бранат тој поредок од оние кои претпочитаат свет во кој „силните владеат со слабите“.

„Дали беспомошно гледаме како некои се обидуваат да не катапултираат назад во светски поредок каде војната е заедничка алатка на политиката, каде што независните држави мора да ги здружат силите со нивните посилни соседи или колонијални господари, и каде што просперитетот и човековите права се привилегија на неколку среќници?” праша Шолц.

Можеби ќе ве интересира

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

M T