Австриските власти се алармирани затоа што лице заразено со заразниот сој омикрон чествувал во саботниот протест на противниците на епидемиолошките мерки.
Властите во провинцијата Корушка соопштија дека на протестот во саботата присуствувало лице од општината Вилах Ленд, кое во тоа време било заразено со сојот омикрон. Тоа лице е во карантин, а се утврдуваат неговите контакти.
Бидејќи демонстрантите не ги почитуваа мерките за дистанца и носење маски, сите кои беа на демонстрациите беа повикани да ја следат нивната здравствена состојба и во случај на симптоми да се обратат до надлежните служби.
Видот омикрон е позаразен од кој било досега, па австриските власти се загрижени поради можноста за брзо ширење.
Спонзорирано: