14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСИЗБОР

Америка и СЗО договорија да развијат нови студии за потеклото на Ковид-19

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера се сретна со генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адхан Гебрејесус во Кувајт за да се договорат за подготовка на дополнителни студии поврзани со откривање на она што ја предизвика пандемијата на коронавирус.

„На состанокот беше истакнато дека во следната фаза, истрагата мора да биде навремена, базирана на докази, транспарентна и спроведена од експерти на кои нема да може да им се влијае“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Претходно овој месец, СЗО повика на заедничка работа и на истрага за да се открие потеклото на коронавирусот, но Кина ги отфрли плановите за дополнителни инспекции на лаборатории и пазари на нејзина територија.

Првите случаи на вирусот кај луѓето беа пријавени во градот Вухан во декември 2019 година, а Кина ги отфрли теориите дека Ковид-19 протекол од една од нејзините лаборатории.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Регистрирани се 81 новозаразени со коронавирус, нема починати лица

M T

Нов Зеланд ги укинува скоро сите мерки за Ковид-19

M T

СЗО: Повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници во светот

M T

СЗО со предупредување: Регистрирани се повеќе од 18.000 случаи на мајмунски сипаници во 78 земји

M T

Раководителот на СЗО за Европа: Забрзајте ја вакцинацијата и воведете маски

M T