Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КоронавирусМакедонија

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

Министерството за здравство, утре (среда, 19 октомври) со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Светската здравствена организација (СЗО) ќе го отпочне караванот за информирање и вакцинација, кој ќе посети 24 заедници низ земјата.

Под слоганот „Заедно заштитени – вакцините делуваат“, караванот ќе пренесува до локалните заедници информации за редовните вакцини за деца, за вакцините против сезонски грип и за вакцините против КОВИД-19 и ќе овозможи вакцинација против КОВИД-19 на лице место.

Повеќе од два века вакцините им помагаат на луѓето да останат здрави – почнувајќи од првата вакцина за заштита од големи сипаници, па сѐ до најновите вакцини што се користат за спречување тешки случаи на КОВИД-19. Оттогаш, семејствата и заедниците веруваат дека вакцините овозможуваат заштита за сите – од новороденчиња до повозрасни лица.

Пандемијата КОВИД-19 предизвика огромен притисок кај здравствените системи и услуги, а нарушувањата го загрозија долгогодишниот тешко стекнат напредок во редовната вакцинација кај деца. На пример, процентот на деца кои ја примиле втората доза против сипаници опаднал од 93,4 отсто во 2019 година на 68,5 отсто во 2020 година, со покачување на 80,4 отсто во 2021 година.

Бидејќи караванот почнува во пресрет на сезоната на грип, тој ќе споделува информации за вакцинација против сезонскиот грип во контекст на КОВИД-19. Повторно ќе се истакне потребата од вакцинирање против КОВИД-19, бидејќи 46,7% од вкупното население во Северна Македонија се вакцинирани со две дози, а само 8,9% се вакцинирани со трета доза. Тимовите за имунизација кои патуваат со караванот ќе обезбедат вакцинација против КОВИД-19 на лице место.

За време на настаните ќе има на располагање и услуги за мерење крвен притисок, организирани во соработка со Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Во продолжение е списокот на времето и локациите кога караванот ќе ги посети заедниците низ целата земја:

• 19-ти октомври Плоштад Куманово [10:00-12:00 ч.]; Черкези, училишниот двор [12:30-14:30 ч.]; и Старо Нагоричане, пред Општината [15:00-17:00 ч.]
• 20-ти октомври Плоштад Струмица [10:00-12:00 ч.]; Ново Село, пред болницата [12:30-14:30 ч.] и Василево, пред Домот на културата [15:00-17:00 ч.]
• 21-ти октомври Велес, пред театарот [10:00-12:00 ч.]; Чашка, на Плоштадот кај Општината [12:30-14:30 ч.]; и Бузалково, до општината [15:00-17:00 ч.]
• 22-ти октомври Прилеп, пред Старата Чаршија [10:00-12:00 ч.]; Долнени, пред општината [12:30-14:30 ч.]; и Кривогаштани, пред Општината [15:00-17:00 ч.]
• 23-ти октомври Битола, Саат-кула [10:00-12:00 ч.]; Новаци, до пазарот Шик [12:30-14:30 ч.]; и Могила [15:00-17:00 ч.]
• 24-ти октомври Охрид, Плоштад Крушевска Република [10:00-12:00 ч.]; Мешеишта, до полигонот [12:30-14:30 ч.]; и Косел, [15:00-17:00 ч.]
• 25-ти октомври на Плоштад Тетово [10:00-12:00 ч.]; Боговиње, пред општината [12:30-14:30 ч.]; и Теарце, Училишниот двор на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ [15:00-17:00 ч.]
• 26-ти октомври Плоштад Скопје [10:00-12:00 ч.]; Сарај, пред основното училиште „Дитуриа“ [12:30-14:30 ч.]; и Ракотинци, пред Општината [15:00-17:00 ч.]

Можеби ќе ве интересира

Регистрирани се 81 новозаразени со коронавирус, нема починати лица

M T

Нов Зеланд ги укинува скоро сите мерки за Ковид-19

M T

Гир: Ако не сте вакцинирани – вакцинирајте се, јас сега одам да ја примам четвртата доза

M T

Почнува вакцинација со четврта доза против Ковид-19

M T

ЕУ купува 110.000 вакцини против мајмунски сипаници

M T

САД: Вакцини за деца под 5 години најрано на 21 јуни

M T