14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/Илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Нов Зеланд ги укинува скоро сите мерки за Ковид-19

Посетителите на Нов Зеланд повеќе нема да треба да се вакцинираат против корона вирусот, најави премиерката Џасинда Ардерн.

Ќе заврши и задолжителната вакцинација за здравствените работници, јавуваат медиумите.

Ќе се укине и обврската за носење маска, освен во здравствени установи и установи за згрижување стари лица.

Друга мерка што останува во сила е дека оние кои се позитивни на тестот мора да останат во изолација седум дена.

– Време е да ја свртиме страницата во нашето управување со Ковид-19 и да живееме без итни мерки што ги користевме претходно – рече Ардерн.

Земјата ги затвори своите граници за речиси сите во март 2020 година и целосно ги отвори во јули. Ардерн рече дека повеќе нема да биде задолжително да се тестираат туристите по пристигнувањето во земјата и на петтиот ден од нивниот престој.

– Денешниот ден е пресвртница во нашето справување со кризата предизвикана од Ковид-19. Конечно можеме да кажеме дека периодот во кој коронавирусот диктираше што се случува во нашите животи заврши, ние повторно ја преземаме контролата во свои раце – рече Ардерн.

Промените доаѓаат со опаѓање на појавата на омикронската варијанта и завршувањето на зимата на јужната хемисфера.

Бројот на случаи во Нов Зеланд е на најниска точка од февруари.

Можеби ќе ве интересира

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Регистрирани се 81 новозаразени со коронавирус, нема починати лица

M T

Почна државниот погреб на Шинзо Абе, строги безбедносни мерки во Токио

M T

АФПЗРР : Реализирана исплата на директни плаќања по повеќе мерки

M T

ЕК објави предлози за мерки за енергетската криза

M T

Шолц: Благодарение на мерките, имаме добри шанси да ја пребродиме зимата

M T