Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со Бугарија, кои како што вели, се последниот бедем на нашиот идентитет.
„Утре во 18 часот, од СЦ Борис Трајковски до Влада. Протестот, поради запазување на здравјето поради коронакризата, ќе биде со автомобили. Овде не се работи за партии, овде се работи за Македонија, за Илинден и АСНОМ, за она што сме и она што сакаме да останеме“, порача претседателот на опозициската партија, Христијан Мицкоски.
Протестите на ВМРО ДПМНЕ покрај тоа што често се контрадикторни, како оној за чист воздух во Струга неодамна, кога се протестираше со возење дизелаши. Ваквите протести речиси секогаш завршуваат со говор на некоја од раководство пред граѓани, со што би можело да се загрози здравјето на учесниците.
Самиот Христијан Мицкоски пред два дена за Сител телевизија соопшти дека е потребно да има полициски час, со цел да се победи пандемијата со ковид 19.