Рекордни 20 новозаболени КОВИД случаи се потврдени во тиквешко во последните 24 часа.
Според лекарите сиите се со симптоми, додека двајца на возраст од 63 и 47 години се хоспитализирани во болница.
Пет лица претходно имале контакт со заболено лице, другите не знаат каде се заразиле.
Меѓу новозаболените има и едно тригодишно дете од градинка, па затоа во изолација се воспитувачка, негувателка и 13 дечиња од неговата група.
Спонзорирано: