3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СТАВСВЕТИЗБОР

Чешка денеска го презема претседавањето со ЕУ: Украина, климатската криза и мигрантите во фокусот на агендата

Чешка денеска го започнува шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, а според најавите од Прага, главниот фокус на европската агенда до крајот на годината ќе биде на решавање на последиците од конфликтот во Украина, почнувајќи од мигрантската криза, преку енергетската безбедност и зајакнувањето на одбраната и економијата на ЕУ.

Претставниците на ЕУ веќе најавија дека за време на чешкото претседателство се очекува првиот состанок на европската политичка заедница во Прага, како нов формат за паневропска соработка, во кој за првпат лидерите на земјите-членки на ЕУ, Европската економска област и Западен Балкан треба да седнат на иста маса и Украина, Молдавија и Грузија.

„Европа во моментов се соочува со многу проблеми и предизвици, но ако дејствуваме со единство и одлучност, ќе излеземе посилни и поотпорни од овие кризи – изјави чешкиот премиер Пер Фиала пред почетокот на претседателствувањето на неговата земја.

Инаку, ова е второ претседавање на Чешка со Советот на ЕУ, во текот на 18-те години членство во Унијата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Во училиштата во Чешка, наместо греење, на учениците им дале ќебиња

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

ЕУ ги продолжува индивидуалните санкции против Русија за шест месеци

M T