4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во училиштата во Чешка, наместо греење, на учениците им дале ќебиња

Европа се бори со енергетската криза, поскапувањето на бензинот има свои последици, кои се гледаат и во основните училишта.

На социјалната мрежа „ТикТок“ се појави видео снимено од ученик за време на часот. Наместо установата да им обезбеди греење, децата се смрзнале и единственото нешто што им обезбедило училиштето се ќебиња.

Поради енергетските санкции предизвикани од Европската унија против Русија, цената на гасот на пазарот вртоглаво порасна од почетокот на војната во Украина.

Имајќи го тоа на ум, во Европа постои загриженост за тоа како ќе се одвиваат зимските месеци.

ЕУ советуваше да се намали употребата на гас, особено во „шпиц“ часови, во овој контекст, во европските земји кои се обидуваат да преземат различни мерки, секојдневно се применуваат одредени решенија за заштеда на енергија.

Последниот пример за оваа ситуација се случи во Чешка.

Во централноевропската земја температурите паднаа под 10 степени, а Чесите воведоа ќебиња во училиштата како мерка за заштеда на енергија, а видеото од чешки ученици завиткани во ќебиња брзо стана вирално на интернет.

Можеби ќе ве интересира

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Костадиновска-Стојчевска во Прага: Со Чешка споделуваме богато словенско минато и неопходна европска иднина

M T

Ковачевски: Среќен почеток на новата учебна година

M T

Чешка денеска го презема претседавањето со ЕУ: Украина, климатската криза и мигрантите во фокусот на агендата

M T

Шаќири: Наша мисија е да обезбедиме еднакви услови за сите ученици

M T

Шаќири: Приоритет е враќањето на учениците на настава, покачување на платите ќе има

M T