7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

ЕУ ги продолжува индивидуалните санкции против Русија за шест месеци

Европската унија ги продолжи индивидуалните санкции против 1.206 руски државјани и 108 руски компании за уште шест месеци, објави Европскиот совет.

„Денеска Советот одлучи да го продолжи времетраењето на рестриктивните мерки насочени кон одговорните за поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина за уште шест месеци, до 15 март 2023 година“, се вели во соопштението.

Санкциите, кои ќе продолжат да важат за 1.206 поединци и 108 компании, доаѓаат како одговор на неоправданата и неиспровоцирана воена агресија на Русија против Украина, се наведува во документот.

Санкциите вклучуваат ограничувања за патување на луѓе, замрзнување на имот и забрани за обезбедување средства или други економски ресурси на одредени поединци и бизниси.

Споменатите санкции беа воведени поради ситуацијата со Крим во 2014 година и по почетокот на „специјалните воени операции“ во Украина на 24 февруари.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

153 санкции за брзо возење

M T

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

158 санкции за брзо возење

M T