3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТМОЗАИК

Украина се подготвува за Евросонг 2023

Украина ги започнува подготовките за домаќин на Изборот за песна на Евровизија во 2023 година, изјави Кирило Тимошенко, заменик-шеф на Кабинетот на претседателот на Украина, на својот Телграм-канал.

„На светот му ја покажуваме нашата отвореност, гостопримливост и способност да спроведуваме проекти од големи размери. Главното прашање за нас и за европската радиодифузна унија е безбедноста“, рече тој.

„Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи на Украина се вклучени во подготовките за Евровизија 2023 од самиот почеток со цел да се обезбеди соодветна логистика и најважно, безбедност“, објасни Тимошенко.

Се разгледуваат различни локации за одржување на натпреварот, но во моментов не може да открие за кои локации станува збор.

Украинскиот бенд „Калуш оркестра“ победи на овогодинешниот Евросонг, а според правилата на Евровизија, следниот натпревар треба да се одржи во Украина.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T

СО SPORT LIFE до стан во Скопје!

M T