5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

Вооружените сили на Украина не успеаја да ги постигнат своите цели и да ги заземат населените места во неколку правци, соопштија утрово од Киев.

Конкретно, украинската армија не успеа да ги постигне своите цели во областите Херсон и Сватов, изјави советникот на началникот на Генералштабот на украинскиот претседател Алексеј Арестович.

„Украина малку се опушти. Мислевме дека сега ќе го земеме Херсон, дека ќе го земеме Сватово, ќе преземеме сè, но работите се малку поинакви сега со окупацијата, не е се така едноставно“, изјави Арестович за каналот на Јутјуб на новинарот Марк Фаген.

Според Арестович, борбените операции во Украина преминуваат во следната фаза, која „нема да биде воопшто лесна“ за Киев, а руската страна „најде начини и методи за борба“ кои сега претставуваат „значаен проблем“ за Украина.

„Тие го пронајдоа клучот за нашата противвоздушна одбрана, а тоа е да не принудат да ги испукаме сите проектили што ги имаме на залиха против беспилотните летала, кои вклучуваат 2.400. Тие можат да не мачат така два или три месеци, како денес“, кажа Арестович.

Претходно украинските медиуми јавија дека утринава е најавена воздушна опасност на територијата на целата земја. Арестович исто така не исклучи дека во Украина ќе биде потребна дополнителна мобилизација.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Граѓаните на Киев се нескршливи – по руските напади се собраа во метро станиците и пееја

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T