17.8 C
Скопје
2. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во Украина Свет

Столтенберг: Украина треба да има повеќе тешко оружје

Да, Украина треба да има повеќе тешко оружје, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција во Хаг.

Tој одржа состанок со лидерите на седум европски сојузници на НАТО пред самитот на Алијансата кон крајот на јуни во Мадрид, каде што исто така рече дека руските сили напредуваат на истокот на земјата.

„НАТО веќе ги засилува испораките и официјални лица ќе се состанат денеска во Брисел за да ја координираат понатамошната поддршка, вклучително и тешкото вооружување“, рече Столтенберг, додавајќи дека НАТО мора да покаже уште поголема подготвеност и да ги зајакне вооружените капацитети долж својата источна граница.

Одговарајќи на апелот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за дополнително оружје со долг дострел, Столтенберг рече дека се согласува Киев да добие повеќе тешко оружје, но не наведе детали.

„Украина треба да има повеќе тешко вооружување, а сојузниците и партнерите на НАТО обезбедија тешко оружје“, рече Столтенберг.

Можеби ќе ве интересира

Медведев: Одлуката за операцијата во Украина беше тешка, но добро осмислена

M T

Првата дама на Украина: Многумина се подготвуваа за спринт, сега се борат на маратон

M T

Џонсон: Ако Путин беше жена немаше да ја нападне Украина

M T

Нови напади во Украина, гаѓан е Николаев, тројца загинати во Очаков

M T

Унгарски политичар: Брзиот прекин на огнот во Украина е единствената шанса на Европа да избегне рецесија

M T

Нарко банда опремена со тешко оружје ја нападна полицијата во Мексико

M T