6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Пожар во индиска фабрика – Најмалку шест лица загинаа

Во пожар во хемиска фабрика во јужна Индија загинаа најмалку шест лица, а 12 се повредени, изјави денеска владин претставник.

Тој истакна дека во уште една ваква несреќа оваа недела може да се потврдат повеќе жртви.

Снимките од местото на настанот, обезбедени од владини претставници покажуваат голем пожар, при што најмалку две тела лежат на подот на фабрика во сојузната држава Андра Прадеш, наведува британската агенција.

– Постои можност бројот на жртви да се зголеми. Станува збор за фабрика за хемиска обработка и таму се складирани боци со гас – изјави за Ројтерс В. Прасана Венкатес, службеник во областа Елуру каде што се наоѓа фабриката.

Тој изјави и дека засега не е позната точната причина за пожарот, кој надлежните го истражуваат, но можно е да се работи за експлозија на плински боци.

Оваа недела, во пожар предизвикан од експлозија во хемиска фабрика во сојузната држава Гуџарат, на западот на Индија, загинаа шест лица.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Експлозии во фабрика за оружје во Бугарија, тројца загинати

M T

Пожар зафатил 10 ката од зграда висока 218 метри во Кина

M T

Пожар во југозападниот дел на Франција, зафатил четири куќи, стотици луѓе се евакуирани

M T

Најмалку осум загинати, седуммина повредени во пожар во изложбен салон за електрични скутери

M T

Пожар во караоке бар во Виетнам, најмалку 12 лица загинаа

M T

Гори природен парк во Португалија, над 1.000 пожарникари го гаснат пожарот

M T